Заврши наградната игра на „ЛУКОИЛ Македонија“ - Извлечен среќниот добитник што ќе патува во Москва
- Детали
- четврток, 21 декември 2017
По четиримесечната наградна игра на „ЛУКОИЛ Македонија“, конечно, е извлечен среќниот добитник, кој ќе ја има исклучителната можност да патува во престолнината на Русија и седум дена да ужива во волшебната Москва. Јане Боцевски од Скопје е среќниот добитник, кој во друштво на уште еден ќе ја има оваа уникатна шанса и ќе отпатува за да создаде незаборавни моменти.
„Секојпат кога сум учествувал во некоја наградна игра никогаш не сум очекувал дека токму јас ќе ја добијам главната награда, но ете овој пат се покажа дека среќата токму мене ми се насмевна и едвај чекам да ја искористам можноста да ја посетам оваа земја, која има непроценлива историја и шарм. Му благодарам на ’ЛУКОИЛ‘ и му посакувам уште многу години успешна работа“, изјави добитникот Јане.
Наградата му ја додели регионалниот управител на „ЛУКОИЛ Македонија“ Андреј Куку, кој ја искористи оваа можност за да изрази искрени честитки и задоволство од успешно завршената наградна игра: „Задоволство е да се подарува, ја цениме довербата што ни ја даваат нашите потрошувачи и не ја пропуштаме можноста секогаш кога можеме да им се заблагодариме. Наградната игра беше една таква можност и среќен сум што, конечно, ги имаме сите добитници и, конечно, можеме да кажеме дека наградната игра заврши успешно. На Јане му честитаме, како и на другите добитници на ваучери за патување и им посакуваме среќен пат со желба да создадат спомени на кои ќе се сеќаваат целиот живот“.
Наградната игра траеше од 18 септември до 10 декември, а среќните добитници беа извлекувани по случаен избор на секои две недели. Извлечените учесници имаа можност да станат сопственици на 30 вредносни ваучери за патување, додека најсреќниот добитник на главната награда доби ваучер за седумдневно патување за двајца во Москва.