Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија

Волонтери од Македонски Телеком ќе израдуваат со Новогодишни подароци над 2000 деца од ранливи категории низ Македонија.

novogodishen-karavan-na-fondacijata-telekom-za-makedonija-01.jpg

Во пресрет на Новогодишните празници почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат деца од  Кавадарци, Скопје, Битола, Велес, Дебар, Делчево,Неготино, Прилеп, Ресен, Струга, Струмица,Тетово, Штип и Пробиштип.

Караванот се одржува веќе петнаесет години, а волонтерите годинава ќе израдуваат над 2000 деца низ Македонија.

Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и деца сместени во здравствени институции.

Волонтерите ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца и да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg