Виталиа, брендот кој несомнено асоцира на хуманост, општествена одговорност но пред сè, брендот кој е најзаслужен за креирање јавна свест околу потребата од здрава исхрана како начин на живот и превентива, слави четвртина век од своето постоење. Виталиа е пример за успешна приказна како од идеја се стигнува до глобален бренд преку истрајност, следење на светските трендови за производство на здрава храна и секојдневна, непрестана борба против стереотипите во исхраната и лошите диететски навики...