Според истражувањата, дел од стресните настани во животот на луѓето е реновирањето на станот. Тоа не е изненадувачко, затоа што има многу чекори што треба да се преземат за да може сè да биде правилно спроведено. Избор на материјали, плочки, врати, прозорци, обезбедување мајстори, многу потребно време и неизвесност дали на крајот сè ќе биде онака како што е замислено, се стресни и тоа го знае секој кој вршел реновирање во домот. Притоа, многу често финансиската конструкција на крајот не излегува онака како што е планирано. Затоа, многумина наместо за реновирање, се одлучуваат за купување нов дом.