Таа прва го најави започнувањето на Радиотелевизија Скопје во '64-та, македонскиот јазик звучеше волшебно кога таа го говореше, а до ден-денес, на некои радио програми, од нејзиниот глас одѕвонува „Точно е 12 часот“ – Бранка Станковска почина на 90-годишна возраст, мирно, во сон.