Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци - САЈДЕР. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот. Пивара Скопје лансира два сајдер брендa од портфолиото на Heineken: Strongbow, водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, како и брендот Apple Bandit, кој е исклучително популарен ширум Европа, а особено во земјите од нашиот регион...