Конкурс за млади сликари - отворен за сите амбициозни таленти!
- Детали
- среда, 29 мај 2019
Дали веќе извесно време сакате да го покажете својот талент за сликање, но не знаете од каде да почнете? Охридска банка има отворен конкурс за млади сликари на возраст од 18 до 23 години.
Целта на конкурсот е да се изберат учесници на ликовната колонија Вевчански видувања, која ќе се одржи во с. Вевчани во периодот од 22 јуни до 6 јули 2019 година.
Аплицирањето е по електронски пат и трае до 9-ти јуни 2019-та година.
Заедно со пополнување на формуларот на веб страницата на Клубот на таленти – сите апликанти треба да испратат 5 готографии од 5 свои авторски дела во акрилна техника. Темата е слободна.
По завршувањето на конкурсот од пријавените ќе бидат одбрани најмногу 12 финалисти, кои повторно ќе бидат објавени на веб страната – на 13 јуни 2019-та година.
Ова е уникатна можност да го реализирате својот талент и својот сон, додека Охридска банка АД Скопје ја презема целокупната организација на финалистите и ги покрива нивните трошоци за храна, сместување и материјали за работа.
Доаѓа најдобриот дел!
Победникот ќе биде награден со 60.000 денари и истовремено ќе биде прогласен за Член на Клубот на таленти на Охридска банка Сосиете Женерал.
По завршувањето на ликовната колонија, Банката ќе организира хуманитарен настан на кој насликаните уметнички дела ќе бидат понудени на јавна аукција, а средствата собрани од аукцијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Сите заинтересирани таленти може да се информираат за настанот и условите - ТУКА.