Диети препорачани од Светската здравствена организација

Стручни лица од Светската здравствена организација, анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-01.jpg

Топ-листата е составна врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем.

Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство“, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-02.jpg

На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото на холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови, како и житарици.

На врвот на листата на СЗО, е таканаречената. „средоземноморска диета“, што покрај ослабувањето, го намалува и ризикот од дијабетес. Таа ефикасно ги топи килограмите, што пак, го снижува ризикот од срцев удар и предвремена смрт.

Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот. Додека муслите и житариците, ни ги даваат потребните диететски влакна за да го одржиме нашиот дигестивен систем во оптимална состојба.

Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина ...
Младенци донираа пакети школски прибор во Црвен крст, собрани од гостите на нивната свадба Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинск...
Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...
Извајано тело на кое им завидуваат сите - Кои се најфит Македонките на Инстаграм? Некои од најфит Македонките на Инстаграм се и мајки и имаат мали деца, но мора д...
Жарко Димоски направи крштевка за синот: Сопругата Андреа со впечатлив стајлинг, актерот запеа на за... „Си поминавме екстра. Крштевката беше во црквата Св. Јован во Козле, а оттаму за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg