Професорот од одделот за психологија на Сити Колеџ, д-р Павлидис на 11тата Меѓународна конференција за човечки ресурси
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина
(Скопје, 20.05.2019) – Стареењето на работната сила, предизвиците наспроти уникатните можности што ги носи демографската промена на населението опсервирано од корпоративните елементи, беше тема на предавањето на д-р Џорџ Павлидис - Директор на програмите за пост-дипломски студии за невропсихологија во одделот за психологија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ – Грција. Предавањето се одржа во склоп на Меѓународната конференција за човечки ресурси, а д-р Павлидис беше претставник на Сити Колеџ како академска инстанца долгогодишен поддржувач на конференцијата.
„Менаџерот за човечки ресурси може да биде катализатор за позитивна трансформација на работното место, прилагодувајќи ги предизвиците и можностите што ги носи возрасното население. Со намалување на стареењето и преку зголемување на меѓугенерациската соработка, менаџерот за човечки ресурси може позитивно да придонесе за приспособување на работната средина со цел да го капитализира потенцијалот на постарите работници и да го зајакне понатамошниот организациски успех”, истакна во своето предавање д-р Павлидис.
Осврнувајќи се повеќе на можностите отколку на пречките предизвикани од стареењето на работната сила, Павлидис во своето предавање понуди решенија кои може да доведат до хармонизирање на човечкиот капитал на постарите работници со краткорочни и долгорочни стратешки цели на компанијата, како и со спроведување на континуиран професионален развој на работното место.
Единаесеттата Меѓународна конференција за човечки ресурси оваа година се одржа под темата „Човечки ресурси – катализатор на трансформациите“ и токму низ тој фокус беа елаборирани годишните и возрасните промени на вработените во една корпоративна средина.
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ веќе 6 години по ред се јавува како поддржувач на најголемиот и најважниот настан од полето на човечките ресурси, Меѓународната конференција за човечки ресурси, во нашата држава, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.