Компанијата „Веропулос“ утре (среда) во Битола ќе го отвори четвртиот „Џамбо“ маркет во земјава. Големото отворање ќе се одбележи со спектакуларна забава за најмладите, како и со божиќна забава за целото семејство. Маркетот ќе биде отворен од осум часот, а веќе во 11 часот ќе почне забавата со жонглери, одачи на штули, мајстори за моделирање балони и уметници за боење лице, која ќе трае до 17 часот. Од 17 до 20 часот, пак, посетителите ќе можат да уживаат во божиќната забава со колачи и топол чај...