Брзината на интернет се поодлучувачка за избор на оператор: Неотел со најатрактивни понуди на супер брз интернет на пазарот
- Детали
- среда, 13 декември 2017
Брзината на интернетот се повеќе игра важна улога кога се прави избор на телекомуникациски оператор. Според последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за вториот квартал од годинава, во земјава имало 381.756 корисници на широкопојасен интернет. Најголем дел од нив или 209.492 имале пристап до интернет со брзина од 8Mbps до 20Mbps. Но податоците покажуваат дека во постојан подем е бројот на оние корисници кои се одлучуваат за поголеми интернет брзини во однос на самата услуга. Особено што, ако порано вакви брзини се нуделе само на компаниите, сега се достапни и за индивидуалните корисници.
Ако се анализира она што на на пазарот нудат македонските телекомуникациски оператори, во моментов најатрактивни понуди на супер брз интернет има Неотел. Па така, со пакетот Фибер тотал компанијата нуди оптички интернет со брзина до 1 Gbps/ 1Gbps и 10 TB (тера бајти) вклучен интернет сообраќај. За него сите корисници кои ќе ја искористат најновата акција „Среќна нова брзина“ и склучат договор на две години, во првите шест месеци ќе добиваат 50 отсто попуст на претплатата. Односно за овој пакет во овој промотивен период цената на месечната претплата изнесува 1.595 денари. Во пакетот е вклучен и WiFi рутер. Ваква можност се нуди на корисниците од Скопје, Тетово, Битола и Куманово.
Од останатите понуди за брз интернет, Неотел нуди и брзина до 300 Мbps/ 300 Мbps со пакетот Фибер 300 со кој се добиваат 5 ТB вклучен интернет сообраќај. И за него важи можноста за добивање шестмесечен попуст, па во овој период претплатата ќе биде 1.195 денари. Пакет со интернет со брзина до 100 Мbps/ 100 Мbps, 5ТB интернет сообраќај и вклучен WiFi рутер со истата промоција е со цена од 895 денари.
Ваквите огромни брзини на интернет кои ги обезбедува Неотел гарантираат дека симнувањето податоци и сурфањето ќе бидат беспрекорни, бидејќи оптичкиот интернет за разлика од останатите технологии нуди огромни брзини, како и симетричност, односно download и upload со иста брзина. Дополнително, со секој од наведените пакети се добива и можност за неограничени разговори во мрежата на Неотел.
Повеќе информации за понудите на Неотел и за најновата промоција „Среќна нова брзина“ повеќе информации може да се добијат на следниот линк.