ОКТА ги додели стипендиите на десетте постдипломци на УКИМ
- Детали
- четврток, 14 декември 2017
Компанијата ОКТА им ги додели стипендиите на десетте студенти од УКИМ за постдипломски студии, на вчерашната церемонија организирана по повод 39тата годишнина на компанијата. Стипендирањето на вториот циклус студии е дел од општествено одговорната практика на компанијата, како и заложбата за континуирано вложување во образование и надградување на интелектуалниот развој.
Со меморандумот за соработка, потпишан неодамна меѓу компанијата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, беа дефинирани поединостите со кои стипендиите се доделуваа за студенти од пет факултети од УКИМ. Така, стипендиите беа доделени на студенти на Економски факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Технолошко металуршки факултет, како и на студенти од Природно математичкиот факултет.
Стипендиите беа доделени на оние студенти кои покрај исполнувањето на примарните услови наведени во конкурсот за втор циклус студии, уште и се истакнале со своето знаење и вештини, во согласност со Факултетот на кој се пријавени.