Донација на таблети за децата од Заводот со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола од Еуролинк Осигурување

Битола 14.12.2017 год. – Вчера, во Битола, беше доделена донација на 76 таблети за дечињата од  Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола од страна на претставници на Еуролинк Осигурување.

donacija-na-tableti-za-decata-od-zavodot-so-oshteten-sluh-govor-i-glas-i-drugi-problemi-vo-razvojot-kocho-racin-vo-bitola-od-eurolink-osiguruvanje-001.jpg

Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола веќе 70 години активно работи, со рехабилитација и образование на децата со оштетен слух, говор, глас. Во заводот се регистрирани 76 деца од целата држaва, од кои 36 се интернатски сместени. Во однос на типот и степенот на попреченост во институцијата се опфатени деца со оштетен слух,  деца со аутизам, деца со интелектуална попреченост и деца со комбинирани пречки во развојот – мултихендикепирани деца.

- Потребата од таблети како наставни помагала е од посебен интерес за овие ученици, со што ќе  им се олесни пристапот во совладување на наставната програма. Со оглед дека нема соодветни учебници за децата со посебни потреби, тие секојдневно се изложени  во текот на наставата со визуелно прикажување на тоа што се учи. Таблетите се со можност за соодветни апликации за игри и стручна настава наменети за  учениците кои се опфатени во заводот, а се со различен тип на попреченост, со што воедно и ќе се компензира недостигот на информации од наставната програма. Таблетите претставуваат одлична можност и за меѓусебна комуникација меѓу децата, надвор од училишните активности. Во таа насока, оваа донација е за нивна лична употреба − изјави г-ѓа Маре Стојменовска Мицева, директор на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола.

- Во годината кога Еуролинк  слави 15 години од  своето постоење, продолжуваме да го даваме својот придонес  во поддршка и унапредување на образованието, овој пат за децата со оштетен слух, говор и глас  за  да им го олесниме пристапот во совладување на воспитно – образовната програма, да им овозможиме еднакви можности за развој, како и на другите нивни врсници – изјави Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg