„Бев на балетот 'Жизел' - балетан од Шпанија блесна во главната машка улога и ми откри дека Скопје пријатно го изненадило“

„Скопје позитивно ме изненади. Ми изгледа како навистина пријатен град. Луѓето се љубезни и имам чувство како да сум дома...“, вели за CRNOBELO.com Франциско Хименез Руиз од Шпанија, кој на неверојатен начин ја одигра главната машка улога во балетската претстава „Жизел“ и издоминира на сцената заедно со нашата Мими Поп Алексова Атанасовска.

bev-na-baletot-zhizel-baletan-od-shpanija-blesna-vo-glavnata-mashka-uloga-i-mi-otkri-deka-skopje-prijatno-go-iznenadilo-001.jpg

Вчеравечер (02.03) на сцената на Националната опера и балет го проследив романтичниот балет во два чина „Жизел“, кој имаше изведба и пред неколку дена, односно на 28 февруари.

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“02.jpg

Балетската претстава започна во 20 часот, беше составена од 2 чина, со пауза од 15 минути.

Публиката со задоволство ја следеше секоја минута од ова ремек дело, каде нашите врвни балерини и балетани, како и гостинот балетан од Шпанија, Франциско Хименез Руиз, го покажаа својот раскошен талент.

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“08.jpg

Во публиката имаше вистински вљубеници на оваа уметност, облечени елегантно, токму како што заслужува еден настан од овој тип, но и ученици кои од време на време знаеја да бидат малку нетрпеливи, но професорките веднаш ги опоменуваа.

Сигурно се сеќавате и вие на училишните денови, кога ве носеле на балет и ситуацијата можеби била слична, но сепак секоја чест за ваквиот потег и организација, затоа што  дефинитивно треба да ги научиме младите како да се вљубат во балетот од најрана возраст.

Во главната женска улога, на 2-ри март, како Жизел, ја видовме нашата примабалерина Мими Поп Алексова Атанасовска, додека на 28-ми февруари во оваа улога настапила Марија Кичевска Шокаровска.

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“10.jpg

Го исконтактирав гостинот, балетан од Шпанија, Франциско Хименез Руиз да го запрашам каков впечаток му оставила нашата држава, а тој за CRNOBELO.com вели:

„Скопје позитивно ме изненади. Ми изгледа како навистина пријатен град. Луѓето се љубезни и имам чувство како да сум дома. Истото ми се случи и за време на работниот ангажман.

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“09.jpg

И Мими и Марија, покрај тоа што се одлични балерини, се и неверојатни професионалци. Ми помогнаа да се чувствувам како еден од друштвото и да растам во улогата заедно со нив. Навистина сум им благодарен.

Задоволство ми е да ја делам сцената со уметници, кои те пречекуваат на толку убав начин.“

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“06.jpgФото: Марко Угарковиќ (од 28.02 со Марија во главната улога)

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-“05.jpgФото: Марко Угарковиќ (од 28.02 со Марија во главната улога)

Франциско дефинитивно владееше со сцената на Националната опера и балет и заедно со Мими мамеа воздишки со балетските чекори и позиции, а совршено надополнување им беше оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на диригентот Иван Еминовиќ.

Ја исконтактиравме и Мими Поп Алексова Атанасовска, која ја одигра главната женска улога, и таа за CRNOBELO.com вели:

„Жизел е претстава која особено ми е драга и кон која пристапив со особена почит. Претстава која бара искуство, посебна трансформација и уметничка зрелост.

Приказната го опишува романтизмот како епоха во која една млада девојка умира затоа што срцето и е скршено од болка. Љубовта, предатството во првиот чин и нереалниот свет, оној после смртта во вториот чин, бараат целосно трансформирање низ начинот на игра и емоцијата кај танчерите.

Искрено, не знам која точно изведба ја имав вчера, низ годините ја имам подготвувано и играно под менторство на различни репететори и секоја изведба за мене претставува ново искуство, трудејќи се секогаш да направам нешто подобро, поинаку за мене, или да го погледнам ликот на Жизел низ поинаква призма од претходно.“

bev-na-baletot-zhizel-zoshto-baletanot-od-shpanija-vo-glavnata-mashka-uloga-e-voodusheven-od-makedonija-11.jpg

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски, со адаптација на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска беше мевлем за очи и душа.

bev-na-baletot-zhizel-baletan-od-shpanija-blesna-vo-glavnata-mashka-uloga-i-mi-otkri-deka-skopje-prijatno-go-iznenadilo-23.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
„Бев на премиерата на новото македонско кабаре во Гевгелија - што ме воодушеви?“ Со другарките стигнавме во моментот кога почна првата точка - пејачот Даниел Дан...
Браво! Златко Јаќовски го развиори македонското знаме на четвртиот највисок светски врв: „Бев единст... „Подготовките за искачувањето на Лоце траеја околу еден и пол месец, со тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg