Ведрана Ѓорѓевиќ се лула на лулашка над оризови полиња, на одморот на Бали со саканиот (фото)
- Детали
- четврток, 02 март 2023
Ведрана Ѓорѓевиќ ужива со саканиот од Србија, диџеј по професија, на егзотичен одмор и вели дека 35-тата година од животот ја започнува токму така како што сака – летајќи на лулашка над оризови полиња во Бали.
Ведрана Ѓорѓевиќ до пред извесен период беше актуелна како водителка на емисијата „Golden carpet“, но повеќе не е дел од оваа емисија.
Таа дефинитивно ќе остане запомнета како најатрактивната метео девојка во Македонија.
Периодов, Ведрана со својот сакан Ендрју Мелер, диџеј, чие вистинско име е Андрија Антиќ и потекнува од Србија ужива на егзотичен одмор на Бали.
Од Малдиви до хрватскиот остров Крк и Шпанија, парот постојано патува.
Ведрана ужива во местото „Tegalalang Rice Terrace“ во Убуд и се лула на лулашка над оризови полиња, која нуди прекрасен поглед кон долината.
Ведрана откри дека 35-тата година од животот ја започнува на овој начин и се чувствува одлично.
Фотографии од нејзиното патување:
Прочитајте и Ведрана, една од нашите најатрактивни водителки, ужива на Малдиви со партнерот - диџеј од Србија (фото)
С. С. | Црнобело