Ведрана, една од нашите најатрактивни водителки, ужива на Малдиви со партнерот - диџеј од Србија (фото)
- Детали
- петок, 27 мај 2022
Ведрана Ѓорѓевиќ, некогашната најатрактивната метео девојка во Македонија, периодов ужива со саканиот на Малдиви – таа е во врска со диџеј од Србија.
Ведрана Ѓорѓевиќ периодов е актуелна како водителка на емисијата „Golden carpet“, но таа дефинитивно ќе остане запомнета како најатрактивната метео девојка во Македонија.
Ведрана Ѓорѓевиќ е во врска во диџеј од Србија, со кого периодов ужива на патување на Малдиви. Парот пред извесен период ја посети и Шпанија, а Ведрана на саканиот му ги покажа и убавините на Македонија.
Таа е во врска со диџејот со уметничко име Ендрју Мелер, додека неговото вистинско име е Андрија Антиќ.
Ведрана е природна убавица и на фотките од Малдиви блеска со насмевка, очигледно задоволна од убавините на оваа рајска дестинација.
За престојот таму Ведрана вели: „Покрај тоа што Малдиви е рај на земјата, мора да признаам дека ме изненадеи гостопримството на мештаните. Сите се насмеани, позитивни, те поздравуваат на секој чекор, само позитивни вибрации...“
Ведрана Ѓорѓевиќ со саканиот на Малдиви:
С. С. | Црнобело