Нашата најатрактивна „метео девојка“ Ведрана уживаше во Шпанија со саканиот - во врска е со диџеј од Србија
- Детали
- вторник, 02 ноември 2021
Ведрана Ѓорѓевиќ е во врска во диџеј од Србија, на кого периодов му ги покажува убавините на Македонија, по заедничкото патување во Шпанија.
Ведрана Ѓорѓевиќ периодов е актуелна како водителка на емисијата „Golden carpet“, но таа дефинитивно ќе остане запомнета како најатрактивната метео девојка во Македонија.
Неодамна Ведрана беше на патување во Шпанија со својот сакан Ендрју Мелер. Нејзиниот партнер работи како диџеј, неговото вистинско име е Андрија Антиќ и потекнува од Србија.
По посетата на Ибица и Валенсија, тој престојува во Македонија.
Ведрана му ги покажува убавините на нашата држава и тоа почнувајќи токму од кањонот Матка, едно од најатрактивните места кај нас за туристите.
Фотографии од патувањето на Ведрана со саканиот во Шпанија:
С. С. | Црнобело