Цеце од Утринска очекува второ бебе - водителката го покажа трудничкиот стомак
- Детали
- среда, 01 март 2023
Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска, е бремена со своето второ дете. Таа на социјалните мрежи објави слики од трудничкиот стомак само еден ден откако го прослави вториот роденден на синот Бодан.
Во бела кошула и сина наметка, водителката откри дека е во 30-та недела од бременоста и дека наскоро ќе се породи.
„Време е за бебе број 2. 30 недели бремена“, вели Цеце, која иако скоро секој ден беше на телевизија, успеа да ја скрие бременоста.
На сликите со Цеце е и нејзиниот колега Ненад, кој по теркот на старите лекари, со стаклена чаша пробува да го слушне биењето на срцето на детето.
За потсетување, Цеце и нејзиниот сопруг Стојан го имаат синот Бодан. Тие викендов во парк му направија голема забава со многу пријатели и торта од моркови.
Водителката е позната по тоа што не објавува често семејни слики на социјалните мрежи и не зборува многу за приватниот живот во јавноста.
А. Ј. | Црнобело