Браво! Во прв ред на ревија на македонскиот дизајнер Занов, седеше една од најголемите балкански ѕвезди како модна кралица
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2023
„Нераскинлива љубов, која се роди на едно сликање пред многу години. Те сакам, господине Занов“ - напиша Сара Јо по спектакуларното модно шоу на нашиот дизајнер Митко Занов, каде таа пристигна во негова креација и уште еднаш докажа дека е модна кралица на Балканот. Покрај неа, во првите редови беше и Елена Најдоски, како и многу други наши познати личности.
Викендов, главното случување во светот на модата, беше ревијата на нашиот дизајнер Митко Занов, кој ги претстави своите креации од пролетната колекција за 2023 - Nocturnal.
Moдното шоу ги воодушеви сите присутни, а во публиката се најдоа голем број познати личности, кои уште споделуваат впечатоци од спектакуларниот настан на нашиот, а светски дизајнер.
Помеѓу нашите вљубенички во модата, како Елена Најдоски, Александра Шијакоска, Лара Иванова и многу други, во првите редови се најде и српската пејачка Сара Јо, која пристигна како вистинска модна кралица.
Облечена во негова креација, Сара ги сврте сите погледи кон себе, а подоцна откри дека помеѓу неа и дизајнерот има посебна хемија.
На Инстаграм таа објави повеќе видеа и фотки од модното шоу и напиша објава со која му изрази почит:
„Нераскинлива љубов, која се роди на едно сликање (со мојата прва македонска љубов Горан Поповски) пред... не знам ни сама колку години. Одново и одново ме инспирираш со својот пристап и посветеност.
Ти си голем уметник, но уште поголем човек – а тоа, на крајот на денот е најважно. Засекогаш ќе ја имаш мојата најискрена поддршка. Те сакам, господине Занов“.
Повеќе фотки од стајлингот на Сара Јо:
М. М. | Црнобело