Перо Антиќ му честиташе роденден на синот, Павле Камилоски со нова фотка од свадбата: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2023
Елена Најдоски прошета во беспрекорен стајлинг во бело, Миа Костова ја видовме во неверојатно секси издание, Антониа Гиговска во спортско издание со трудничко стомаче, а Павле Камилоски објави фотографија како ја бакнува саканата Ирина Дишовска во чело за време на нивната свадба.
Пејачката Биг Мама го прослави својот роденден, Катарина Ивановска уживаше на Копаоник, а Павле Камилоски имаше совршена свадбена церемонија со својата сакана Ирина Дишовска.
Перо Антиќ на својот најстар син му го честиташе роденденот со неколку фотографии од неговото растење и нивните заеднички дружби.
„Среќен сум што сум ти татко на овој специјален ден, да се биде со тебе секој ден е најголемиот подарок кој можев да го посакам. Година за година ти се претвораш во прекрасен млад човек и горд сум што можам да те нарекувам свој син. Среќен роденден Лука. Те сакам...“