Лила и Сузана Турунџиева со емотивни коментари за најпотресната фотографија од земјотресот во Турција
- Детали
- среда, 08 февруари 2023
Месут е татко од Турција кој не може да се одвои од безживотното тело на својата ќерка по земјотресот во Турција, а Лила на оваа потресна сцена коментира: „И нема потажна слика и нема поголема болка и нема зборови...“, а Сузана Турунџиева испраќа моќна порака.
Eдни од најпотресните фотографии од земјотресот во Турција се оние од татко како ја држи за рака својата мртва ќерка.
Тој седи беспомошно до неа, додека нејзиното безживотно тело е заглавено под рушевините.
Сцена која ежи, сцена која нè тера да се запрашаме околу начинот на кој го водиме нашиот живот, што сè имаме, а всушност не цениме.
Оваа потресна сцена ги трогна и Сузана Турунџиева и Лила Филиповска.
Сузана Турунџиева во описот на фотографијата од оваа потресна сцена напиша:
„Знаеш ли колку проблеми немаш???
Секогаш кога ќе помислиш дека ти е тешко, дека немаш автомобил, дека ти доцни платата, дека времето е ладно, дека немаш мобилен каков што имаат некои, дека на работа ти вршат мобинг, сети се на сликава.
Скршениот (од болка) татко Месут, не можеше никако да се одвои од неговата 15-годишна ќерка и да ја испушти нејзината рака, откако таа починала во рушевините.“
Лила, пак, напиша:
„И нема потажна слика и нема поголема болка и нема зборови... Кога следен пат ќе се пожалите на нешто, сетете се на оваа слика...
И молете се за овие луѓе и молете се никогаш да не се повтори... Турција.“
С. С. | Црнобело