Сопругата на Борко Ристовски објави први фотки по излегувањето од болница со новородената ќеркичка
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Нина Ристовска објави нови фотки по излегувањето од болница со новородената ќеркичка Анастасија – синчето ги пречекува со букет цвеќе и ѝ се радува на сестричката.
На 31 јануари, македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, го добија своето второ дете во семејството.
Нина на свет ја донесе нивната принцеза Анастасија, а еден ден подоцна ги сподели најубавите мигови на семејството со новиот член.
Една недела подоцна, таа објави нови фотки, на кои се гледа како нивното синче ја чека мама да излезе од болница со букет цвеќе и балон, и ѝ се радува на својата помала сестричка.
Четиричленото семејство блеска на фотките со малата Анастасија.
М. М. | Црнобело