„Одмор каков што секој би посакал“ – Елена Најдоски на зимување во Златибор со сопругот (фото)
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
Од СПА третмани со овошје и шампањ до прошетки низ снежната идила во Златибор, Елена со сопругот Бојан има одмор за сите сетила, како што вели самата.
Елена Најдоски крајот на месец јануари го искористи за зимски одмор на Златибор со сопругот Бојан.
Парот ужива во снежната идила таму, а омилени им се СПА третманите, како и вечерите со врвно приготвена храна.
„Смрзната, но среќна“, вели Елена и додава „Ова е одмор за сите сетила“.
Градот Златибор во Србија многу се има променето со текот на годините и се претвори во атрактивна туристичка дестинација со многу хотели и разновидни погодности. Ски-центарот Торник се наоѓа во оваа област.
Повеќе фотографии од нејзиниот престој на Златибор од Инстаграм:
С. С. | Црнобело