Кукла од реалноста – Елена е едно од најубавите ТВ лица во Македонија (фото)

Елена Марковска Цветановска е уредник-водител на вестите на телевизија Алфа и едно од нашите најубави ТВ лица. Со очи на срна и прекрасна насмевка, таа секојдневно е мевлем за очи на нашите ТВ екрани. На прашањето „Зошто токму новинарство?“ за CRNOBELO.com вели „Oдговорот е многу едноставен – љубов!“.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-01.jpg

Елена Марковска Цветановска (36) од Скопје, уредник-водител на вестите на телевизија Алфа, е вистинска кукла од реалноста.

Со совршени црти, очи како на срна и ведрина која зрачи од нејзината прекрасна насмевка, таа е едно од најубавите ТВ лица во Македонија.

За тоа како го избрала новинарството за професија, но и нејзините навики за убавина, Елена споделува за CRNOBELO.com:

Колку години си на ТВ екраните и зошто токму новинарство?

Зошто токму новинарство? Oдговорот е многу едноставен – љубов. Тоа е единствената работа што знам да ја работам, искрено ја сакам и комплетно ме исполнува.

Јас сум една од оние луѓе што не студирав тоа што сакав ама никогаш не се откажав од желбата за работа во медиум.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-04.jpg

Во 2009 година, кога бев при крај со студиите по економија, се појави конкурс за новинари, водители, презентери во Македонската радио телевизија.

Без размислување се пријавив на конкурсот, па од 200-те пријавени кандидати бев обрана во оние десет кои требаа да поминат тримесечна обука, пред да влезат во системот на информативната редакција.

Имавме одлични ментори за правилно читање, говорење, изразување, пишување. Тврдам дека тогашните обуки во Македонската телевизија, кои за жал денеска ги нема, беа најдоброто школо за новинарство.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-09.jpg

Во МТВ останав година и половина, работев како новинар во информативната редакција.

Првпат на вести се појавив на Телевизија 24 вести во 2011 година, следуваше ТВ Нова и сега речиси 4 години сум дел од уредничкиот тим на телевизја Алфа.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-11.jpg

Колку изгледот е пресуден за да се биде секојдневно на ТВ екраните? Сметаш ли дека убавината ти помогнала во животот?

Никако не е пресуден, важен е да, ама не и пресуден. Креирањето на вестите воопшто не е едноставен процес, бара многу посветеност, читање и следење на случувањата.

Одговорноста за тоа што ќе им го сервираш на гледачите е огромна, важен е и начинот и стилот на презентирање, и на крај важен е и изгледот.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-05.jpg

Македонската публика има истенчен вкус, знаат да те пофалат, но знаат и да критикуваат кога нешто не им се допаѓа. И тоа е одлично.

Додека траат вестите многу често на социјалните мрежи добивам еден куп коментари и прашања, од пораки поврзани со политички теми кои ги гледале во вестите, до кој бренд ми е карминот или од каде сум ја купила кошулата.

kukla-od-realnosta-elena-e-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg