Кукла од реалноста – Елена е едно од најубавите ТВ лица во Македонија (фото)
Кои се твоите навики за убавина? Како изгледа секојдневното фенирање/шминкање наутро, напорно ли е?
Чисто лице е здраво лице. Шминката, а дополнително и загадениот воздух се непријатели на кожата. Затоа најважно ми е лицето секогаш да ми е добро исчистено, хидрирано и заштитено.
На класичен третман за лице одам еднаш во месецот.
Кога не сум на екран мојата дневна шминка се сведува на ББ крем, маскара, руменило и сјај за усни - толку.
Кога сум на вести за шминката и косата се задолжени Вики и Сандра, девојките шминкерки во Алфа, а за гардеробата - сама. Ништо не е напорно кога ја работиш работата што ја сакаш, а и тоа е составен дел од оваа професија.
Како реагираш кога те споредуваат со кукла од ТВ екраните?
Па, искрено како и на ова прашање - со насмевка. Секако е комплимент или привилегија кога надворешниот изглед ќе го споредат со совршениот изглед на кукла.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело