„Еден од најубавите денови во мојот живот“ – Милена Антовска ги прослави првиот роденден и крштевката на помалата ќеркичка
- Детали
- понеделник, 16 јануари 2023
Со многу балони, зајчиња и торта со срничка и круна, водителката Милена Антовска, со сопругот Гордан крај себе, го прослави првиот роденден и крштевката на својата помала ќеркичка.
Водителката Милена Антовска со својот сопруг Гордан има две ќерки, а викендов го прослави првиот роденден на помалата ќерка Јоана.
Покрај роденден, парот направи и крштевка за својата наследничка.
Со торта со круна, многу балони и најблиските пријатели и роднини во еден скопски локал, тие го прославија овој значаен ден.
Милена на својот Инстаграм профил напиша:
„Овој ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и ѝ правевме крштевка.
Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен.
Благодарност до пејачот Огнен Здравковски што направи најдобра атмосфера за еден од нашите најважни моменти во животот.“
Атмосферата на прославата:
С. С. | Црнобело