„Некогаш немав ни за автобуска карта“ - Јутуберот Стефан Лазаров со свршеницата ужива на Копаоник (фото)
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
„Денес само се потсетив на деновите кога немав ни за автобуска карта за да стигнам барем до Маврово…“, напиша Стефан Лазаров во описот на фотографиите од Копаоник.
Јутуберот Стефан Лазаров со својата свршеница Марта периодов се релаксира на Копаоник.
Парот дочека и снег во познатиот српски ски центар, а покрај во скијање, уживаат и во возење на моторни санки.
Стефан и Марта објавија неколку фотографии оттаму, а Стефан се потсети на тешките денови од неговото детство.
„Денес само се потсетив на деновите кога немав ни за автобуска карта за да стигнам барем до Маврово… Детето во мене го живее сонот, секој ден, само поради вас“.
Инаку, Стефан во септември 2022 ја запроси Марта на стадион во Барселона и нивната љубовна приказна осамна во шпанските медиуми.
Фотографии од Копаоник:
Прочитајте и Јутуберот Стефан Лазаров ја запроси девојката на стадион во Барселона: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“
С. С. | Црнобело