Скопје не се гледа од маглата деновиве, сонцето не може да продре – главниот град низ објективот на инстаграмџиите
- Детали
- среда, 04 јануари 2023
Ако сакате да побегнете од маглата и смогот во Скопје, доволно е само да се искачите на Водно. Ако погледнете од Водно или од прозорецот од највисоките катови на кулите „Џевахир“, ќе сфатите дека надвор времето е сончево, а главниот град не се гледа затоа што е обвиткан во облак од чад.
Големиот број објави на социјалните мрежи од деновиве покажуваат дека Сонцето е тука, над Скопје, само не можеме да го видиме од маглата и чадот.
На фотографиите направени од повисоките места, како Водно и кулите „Џевахир“, градот воопшто не се гледа затоа што е обвиен во облак.
Ако и вие сте меѓу оние што не успеаја никаде да заминат за празниците и останавте во Скопје, тогаш сигурно знаете како изгледа главниот град деновиве: густа магла насекаде, прст пред око не се гледа, а страв ви е и да отворите прозорец затоа што воздухот надвор е загаден.
Очигледно не треба да одите далеку за да побегнете од маглата, доволно е само да се искачите на некои од повисоките места во околината.
Погледнете во продолжение повеќе фотографии од Скопје и околината:
Б. С. Б. | Црнобело