Марко Здравковски (25) кој има рак почна со скапата терапија во Франција, но потребни се уште средства – каде можете да донирате?
- Детали
- среда, 04 јануари 2023
25-годишниот Марко кој има рак во четврти стадиум собра доволно пари за да почне со скапата терапија во Франција и е неизмерно благодарен на сите кои донираа. Сепак, потребни се уште средства за да може да продолжи со терапијата која чини 150.000 евра за само една година.
Марко Здравковски е 25-годишно момче кое има рак во четврти стадиум, за што му се потребни средства за лекување.
Терапијата што му е потребна на Марко чини 150.000 евра, и тоа само за првата година, а без овој третман неговите шанси за преживување се навистина мали.
На Go Fund Me има кампања за донации која е активна околу една недела, а сега Марко споделува навистина добри вести.
Благодарение на бројните донации, собрани се доволно пари за првите шест месеци од терапијата и Марко веќе е на лекување во Франција.
„Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот.
Се собра почетната сума, за првите шест месеци, и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани“, вели младото момче.
Тој е неизмерно благодарен за сите кои донираат и кои ја дават својата поддршка:
„Многу ми значат вашите пораки за поддршка, благодарен сум ви за секоја одвоена секунда за да донирате. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот сè ќе биде добро.
Затоа што нема лоши денови. Само онакви кои потешко се поднесуваат. Спремен сум да извојувам победа“.
Иако Марко почна со терапијата, сепак се потребни уште средства и секој од нас може да донира.
Доколку сакате, можете да донирате на следниве начини:
1. А1: 143 485
2. Телеком: 143 434
3. Денарска сметка:
- 250500023957049
- БАНКА: SPARKASSE BANKA
- МАРКО ЗДРАВКОВСКИ
- ШИФРА: 562
- ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ДОНАЦИЈА
4. Преку Go Fund Me на линкот ТУКА.