Снежана, најпознатата Македонка во Австралија, направи совршена божиќна фотосесија со сопругот и 4-те деца (фото)
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
„Среќен Божиќ и среќни празници од нашето дисфункционално семејство до вашето“, посака Снежана Маркоски Вуд (41), која сопругот го пронајде во австралиско реално шоу.
Снежана Маркоски Вуд (41), најпознатата Македонка во Австралија, која се прослави и пронајде сопруг во реално шоу, позираше во празнично издание со саканиот и 4-те деца, 3 од бракот со него, и едно од претходниот.
Облечени во пижами, ведри и насмеани, тие очигледно поминуваат одлични празнични мигови.
„Среќен Божиќ и среќни празници од нашето дисфункционално семејство до вашето.“
Нејзиното најмало детенце е родено пред само 7 месеци, а Снежана веќе успеа да се врати во форма.
Празничните фотографии на Снежана и семејството:
С. С. | Црнобело