Тематски прв роденден и крштевка на девојче од Гостивар - торта со пеперутки и златно-бели декорации (фото)
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
„Темата на роденденот беа пеперутките, а дури и роденденската торта беше украсена со пеперутки“, споделува Анета Николоска (26) од Гостивар за CRNOBELO.com за роденденската прослава на нејзината ќеркичка.
Анeта Николоска (26) и Даниел Николоски (30) од Гостивар ѝ ги прославија првиот роденден и крштевката на ќеркичката Анабела во ресторан со раскошни декорации во Гостивар.
Темата на роденденот беа пеперутките и сè беше декорирано во златно-бела боја.
За роденденската прослава Анета споделува за CRNOBELO.com:
„Темата на роденденот беа пеперутките, а дури и роденденската торта беше украсена со пеперутки.
Имаше уште една торта за обележување на крштевката која беше декорирана со крст.
На масата ставивме декоративни дрвени кругови на кои пишуваше „Среќна крштевка и прв роденден“, како и колачи со златни декорации.