„Грдосијо, провинцијалко“ – Јелена Спенџарска опоменува за лошите коментари на социјалните мрежи и штетноста на булингот
- Детали
- среда, 21 декември 2022
„Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој интернет портал: грдосијо, провинцијалко, врати се од таму од каде што си дошла, погледни се во огледало, ку*во... Луѓе, вие сте лицемерни, не ми се допаѓате. Толку лицемерие, толку злоба, толку гнев, фрустрации, јас лично немам видено...“, гласи дел од видео обраќањето на Јелена Спенџарска.
Јелена Спенџарска, наша водителка и инфлуенсерка со 46.000 следбеници, сними видео на кое тема на денот ѝ е лицемерието.
Во описот на видеото таа напиша: „Ама сериозно, како не ви е страв дека некој навистина може да си одземе живот поради само еден збор кој сте го напишале?“
Видеото се однесува на лошите коментари по социјалните мрежи и под објавите на електронските медиуми и нивниот ефект врз луѓето.
Нејзиното обраќање гласи:
„Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој интернет портал: грдосијо, провинцијалко, врати се од таму од каде што си дошла, погледни се во огледало, ку*во, разни работи...
Во ред. Пред некое време имавме дури и самоубиство на ученик во едно училиште во Скопје токму поради булинг и наназад имаме ред ситуации коишто можеби не довеле до смрт, но сепак...
Се зборува за булинг и колку е тој штетен и сите ние сме на Фејсбук: „Леле, да, колку е важно менталното здравје, треба да зборуваме да го сопреме тоа, да бидеме поддршка едни на други, да се сакаме повеќе и после одиме на друг портал и ставаме лош коментар.
Имавме и девојка која загина во Африка и за која имаше непримерни коментари, ако ѝ е, го добила тоа што го заслужила, но не сакам да навлегувам во детали ниту за тоа.
Или отидете кај која било јавна личност овде и повторно во коментари ќе има: простакуша, глупава, од каде ѝ пари, што па таа разбира... Луѓе, вие сте лицемерни, не ми се допаѓате. Толку лицемерие, толку злоба, толку гнев, фрустрации, јас лично немам видено.
Немам коментар. Знаете дека сè ќе ве стигне, така? Не затоа што јас сакам, не затоа што јас ви посакувам лошо, не дај Боже... Лицемерни сте!“
Видеото на тема лицемериe и булинг:
С. С. | Црнобело