Разочарувачка сцена во Македонија - Искршени стакла и откорнат прозорец на кулата на Титов врв (фото)
- Детали
- понеделник, 19 декември 2022
„Источна страна на вториот кат искршени две стакла и еден прозорец целосно откорнат“, споделија од планинарскиот клуб „Argentus mount“ од Тетово за кулата на Титов врв, која е вистинско прибежиште за сите наши планинари. Разочарувачки, зарем не?
Планинарскиот клуб „Argentus mount“ од Тетово објави разочарувачка сцена од Македонија, уште една од низата кои се доказ за некултура на некои наши сограѓани.
Станува збор за кулата на Титов врв, највисокиот врв на Шара, која планинарите постојано ја користат за засолнување од силните зимски ветришта.
Таа е прибежиште во случај на невреме, но и преноќиште за оние кои сакаат да дочекаат спектакуларно изгрејсонце на Титов врв.
За жал, некој не го цени тоа што го имаме и одлучил да искрши две стакла и да откорне еден прозорец од кулата.
Фотографии од оваа непријатна случка се објавени на Фејсбук профилот на планинарскиот клуб „Argentus mount“.
„Источна страна на вториот кат искршени две стакла и еден прозорец целосно откорнат“, напишаа тие.
Разочарувачки, зарем не?
С. С. | Црнобело