Одличен настап на Лара, Ирина и Јован на Детска Евровизија 2022 – Македонија го освои 14-тото место (видео)
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Лара, Ирина и Јован имаа одличен настап на сцената во Еревен, Ерменија во рамки на Детската Евровизија 2022, а по гласањето го освоија 14-тото место. Погледнете го видеото од настапот на нашите претставници на јуниорскиот Евросонг.
Ова беше јубилејно 20-то по ред издание на јуниорскиот Евросонг, а годинава настапија вкупно 16 земји. Настанот почна во 16 часот на пладне, а нашите претставници настапија 10-ти по ред.
Тие на сцената во Ереван ја изведоа песната „Животот пред мене“.
Годинава, 50 отсто од гласовите беа добиени преку онлајн гласање и 50 отсто беа од страна на националните жирија, а благодарение на големиот број гласови од публиката годинава победници се Франција.
Погледнете го настапот на Лара, Ирина и Јован на Евровизија:
Б. С. Б. | Црнобело