Млади креативци за пофалба: Матеа од Прилеп прави симпатични рачни изработки (фото)
- Детали
- среда, 07 декември 2022
Уметноста нема копче, сега ја вклучуваме и е присутна, потоа ја исклучуваме и ја нема. Уметноста е начин на живот. Уметноста ги стимулира креативноста и имагинацијата. Обезбедува визуелни, тактилни и сетилни искуства и посебен начин на разбирање и реагирање на светот.
Јас сум Матеа Поповска од Прилеп, а уметничките слики и рачните изработки се дел од моето секојдневие.
Што значи човек да има art lifestyle? Тоа значи постојано сознава, создава и бара инспирација додека прави баланс со сè во животот.
Уметникот не слика за да импресионира, уметникот слика за да се изрази. Уметноста поттикнува самоизразување и кретивност, кои ги градат самодовербата и индивидуалниот идентитет.
Моите уметнички слики го стоплуваат просторот со своите нежни тонови кои се испреплетуваат во апстрактен пејзаж, а оние со диви тонови се за оние со нескротлив и разигран дух.
Тема на моите уметнички слики многу често се цвеќињата, изработени со импасто техника. Tие не го најавуваат своето пристигнување на овој свет, тие само цутат и пленат со својата убавина, тие се музиката на земјата, музика од усните на земјата испеани без звук.
Во дел од уметничките платна се прикажани насмевки, бидејќи секому е потребна насмевка - денес вие не ја заборавајте вашата.
Уметноста не се изразува само преку сликарството, уметноста не е присутна само во сликарството. Уметноста ја има насекаде околу нас - во музиката, литературата, танцот, рачните изработки...
Обетките се рачни изработки, изработени со полимерна глина, мониста и многу љубов.
Комбинација од елеганција, лудост и модерно во едно, накит кој може да ја истакне вашата елеганција, да го ослободи детето во вас, да ве ослободи вам и вашиот стил, несомнено да ја истакне вашата убавина.
Доколку сте љубители на уметноста и на рачните изработки, на уникатни подароци и невообичаени додатоци, посетете го нашиот Instagram профил или Facebook страната Fufu’s shop.
Таму ќе можете да ги видите сите изработки и дела - елегантни, минималистички, со стил и малку лудост.