Уникатен роденден на 24-годишна девојка од Скопје – цветен аранжман, впечатлив фустан (фото)
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
„Роденденот немаше посебна тема, веројатно е хибрид спој од одредени нешта кои што периодов ме инспирираат. Целиот простор го украсив со цвеќиња и свеќи, замислата ми беше - интимен роденден со најблискиот круг на луѓе, мала вечера од различни мезиња...“, споделува Аника Иловска од Скопје за CRNOBELO.com.
Аника Иловска од Скопје, која работи во IT хаб, како и во студио со нејзиниот партнер, го прослави својот 24-ти роденден во локал во Скопје со специфичен стајлинг, уникатна храна и обрнато големо внимание на деталите, како картички, свеќи и цвеќе.
За нејзиниот роденден Аника споделува за CRNOBELO.com:
„Со побуда за мало одбележување од интимен карактер дојдов до спонтано решение да креирам сопствен амбиент во еден локал во Скопје, кој ми се допаѓа затоа што има своја енергија и сопствена естетика, како и личен печат.
Ми беше дозволено сама да модулирам според моите замисли и да го изразам моето чувство за естетика.
Сметам дека креативноста ми е силна страна.
Можеби повеќе од една година дена посетував приватни часови за шиење, каде што ја изразував својата креативна визија преку дизајн.
Роденденот немаше посебна тема, веројатно е хибрид спој од одредени нешта кои што периодов ме инспирираат.
Целиот простор го украсив со цвеќиња и свеќи, замислата ми беше - интимен роденден со најблискиот круг на луѓе, мала вечера од различни мезиња што ги спремаа на лице место на отворена кујна и скромна селекција на десерти што вообичаено ги преферирам.“