Црна торта, шампањ, дрес код: Раскошен тематски 30-ти роденден на Македонка во хотел во Цирих (фото)
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2022
„Забавата беше на тема збогување со 20-тите, односно „RIP to my 20s“, сите беа облечени комплетно во црно, а половина од моите гости беа од блогерскиот свет и обожаваат да се фотографираат и да креираат контент, па затоа се погрижив да има и фотографи и сниматели“, споделува за CRNOBELO.com Бети Стојанова, архитект, по потекло од Виница, која повеќе од 6 години живее во Базел.
Бети Стојанова, архитект, по потекло од Виница, повеќе од 6 години живее во Базел, Швајцарија.
Таа го прослави својот роденден на 24.11 со вечера дома со најблиските членови на семејството, а на 26.11 направи роденденска забава за пријателите во хотел во Цирих, од која сподели фотографии и на нејзиниот Инстаграм профил, со повеќе од 16.000 следбеници.
За CRNOBELO.com Бети открива нешто повеќе околу идејата и организацијата на забавата:
„Забавата беше во „The Tower Suite“ во склоп на „Ameron“ хотелот, каде имавме голема тераса со поглед кон Циришкото Езеро.
Програмата беше:
18:15 пречекување на гости и аперитив во „Suite“
19:45 вечера во ресторанот „Studio Bellerive“, кој е во склоп на истиот хотел
*За сите имаше две предјадења и главно јадење, а на менито, поради неколку мои пријатели вегетаријанци, покрај опција со месо, имаше и веге опција.
21:30 шампањ и афтерпарти со шампањ и торта повторно во „Suite“
Темата на забавата беше: „RIP to my 20s“ (збогување со 20-тите години).
Дрес кодот беше сите да се облечени комплетно во црно, а за декорациите бев задолжена јас со неколку мои најблиски пријатели.
Имав околу 25-30 гости од кои половина беа од блогерскиот свет и обожаваат да се фотографираат и да креираат контент, па затоа се погрижив да има и фотографи и сниматели присутни во текот на целата вечер.
Интересен детаљ на прославата беа црните очила за сонце, кои ги обезбедив јас за фотографирање, бидејќи беа идеално доловување на темата на забавата „RIP to my 20s“.