Лила Филиповска во Јордан, Роберт Саздов со специфичен стајлинг во емисија: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 14 ноември 2022
Ќерката на Тамара и Мачка настапи на „Златно славејче“, а Тијана Дaпчевиќ допатува од Белград со синот Вук како поддршка, Лила Филиповска ужива на патување во Јордан, а Андреј од ДНК ѝ го прослави седмиот роденден на ќеркичката.
Вчера (13.11) Тамара Тодевска на својот Инстаграм профил напиша: „Златно славејче и Скопје, љубов која трае 52 години.
Среќна сум што баш на 13 Ноември и мојата Хана се запишува на листата учесници на овој детски фестивал, кој има значаен придонес во „растењето“ на нашето Скопје. Скопје, да бидеш радост засекогаш. Честит празник, граду мој.“
Тијана Дапчевиќ допатува од Белград да ја поддржи внука ѝ Хана.
Роберт Саздов во емисијата „Еден на еден“ се појави со тексас јакна со светкави делови, розови чевли и специфични чорапи, а откри дека кога ќе се вљуби во нешто е вистински колекционер, па така има повеќе од 60 прстени и повеќе од 40 тексас јакни.
Што правеа македонските ѕвезди деновиве?
Роберт Саздов и Панки од Куку Леле во „Еден на еден“
Адријан Гаџа
Тијана Дапчевиќ
Taмара Тодевска со ќерка ѝ Хана, која настапи на „Златно славејче“
Taтјана Стојановска
https://www.instagram.com/p/Ck5xXFqsEcV/