Убави Македонци: Гоце Маротов - музичар и модел со извајано тело и впечатлив моден стил
- Детали
- сабота, 12 ноември 2022
„Вложувам голем труд во изгледот, тренирајќи 5 до 6 пати неделно. Што се однесува до стилот на облекување, сакам да изгледам секогаш посебно и различно, но никогаш пренатрупано, туку едноставно, но авангардно...“, вели Гоце Маротов (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
Гоце Маротов (30) од Скопје по професија е музичар, дипломиран контрабасист и работи во Националната опера и балет во Скопје.
Покрај примарната професија, веќе 5 години активно се занимава со бодибилдинг, но и работи како модел.
Како во бодибилдингот, така и во моделството Маротов вели дека секогаш е голем професионалец и смета дека што и да работиш во животот само со искреност, љубов и константност ќе постигнеш успех.
Како модел Маротов бил дел од повеќе модни кампањи, но и самиот тој негува впечатлив моден стил.
За грижата за изгледот Маротов за CRNOBELO.com вели:
„Вложувам голем труд, тренирајќи 5 до 6 пати неделно. Имам посебен начин на исхрана и внимавам на животниот стил.
Што се однесува до стилот на облекување, сакам да изгледам секогаш посебно и различно, но никогаш пренатрупано, туку напротив, едноставно, но авангардно.
Не се оптоварувам колку чини тоа парче облека што го носам на себе, туку како ми стои и како јас самиот знам да го износам.“