„Добредојде Софија!“ - Филип Јордановски стана татко по вторпат, пејачот доби ќеркичка
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
Тој ја обожава улогата на татко и сопруг, а сега неговото прекрасно семејство стана побогато за уште еден член. „Да ни е здрава и жива, да нè прави горди родители и да го слуша бато Лука!“, напиша Филип Јордановски.
Пејачот Филип Јордановски, кој интензивно настапува низ локалите во нашата држава, стана татко во вторпат.
Со сопругата Стефанија ја добија ќеркичката Софија, а нивниот син Лука доби помала сестричка.
„Добредојде Софија! Да ни е здрава и жива, да нè прави горди родители и да го слуша бато Лука!“, напиша тој на својот Фејсбук профил, пресреќен поради приновата.
Инаку Филип е посветен семеен човек и секој слободен миг го минува со своите сакани во прошетки во природа и патувања.
Од нивните семејни авантури тој постојано објавува фотки на својот Фејсбук профил.
Добредојде Софија! Да ни е здрава и жива, да не прави горди родители и да го слуша бато Лука! 🍀💝🎶🥂🎉👪 #newbornbaby #babygirl #sofija
Posted by Filip Jordanovski on Wednesday, October 26, 2022