Пламен од уста, костим со полутанга, громогласни аплаузи – Моменти кои оставија впечаток на Макфест 2022 (фото+видео)

Димитар и Марјана го отворија фестивалот со извонреден танц на макфестовски хитови, Миланка Рашиќ емотивно се потсети на Тоше, Два Бона ја „запалија“ сцената со оган, Кристина Димитри во провокативна облека со полутанга танцуваше и пееше, а Дарко и Како Браќа добија најдолг аплауз - моменти кои оставија впечаток на Макфест 2022. Магијата на фестивалот повторно се врати. 

plamen-od-usta-kostim-so-polutanga-gromoglasni-aplauzi-momenti-koi-ostavija-vpechatok-na-makfest-2022-foto-video01.jpg

Макфест важи за еден од напрестижните фестивали кој редовно се одржува 37 години во земјава, но во последниве неколку години мора да признаеме дека малку го запоставивме.

Во минатото пред 20-тина години, со семејството честопати присуствувавме на овој настан, посебно затоа што потекнуваме од Штип, а по толку долго време, годинава повторно се најдовме во публиката во Домот на културата „Ацо Шопов“.

На фестивалот му се врати популарноста, настапуваа звучни имиња од македонската музичка естрада, малку „подзаборавени“ таленти кои заслужено се вратија на сцената, но и многу млади надежи кои се докажаа, за кои се надеваме дека ќе успеат да ја изградат својата кариера.

Сите бевме воодушевени од добрата организација, но и од одличните настапувачи, кои секој на свој начин придонесоа да се врати магијата и добрата музика и забава на фестивалот.

Во продолжение неколку моменти кои го одбележаа фестивалот, покрај одличниот настап на секој од изведувачите:

Димитар и Марјана двете вечери ги отворија со извонреден танц на макфестовски песни

Тамара Тодевска маестрално ја отпеа својата „Замижи“ во елегантна црвена тоалета и му даде на фестивалот светска нота

Миланка Рашиќ во својот говор емотивно се потсети на времето кога го гледала Тоше Проески на макфестовската сцена и доби силни овации

momenti-koi-ostavija-poseben-vpechatok-na-makfest-2022-foto-video-03.jpg

Пајак и Лара се претставија со урбана нумера, со кул и младешки стил и интересен сценски настап со лулка  

Кристина Димитри се појави во провокативно издание и го заведуваше на сцена Боно со нивната „Салса“ која лесно останува во уво

Два Бона буквално „ја запалија“ сцената со својот уникатен настап со пламен додека ја изведуваа својата „Илузија“

Виктор Апостоловски имаше енергичен настап и ја обои сцената во розово заедно со танчарките додека ја изведуваше „Нова страна“

Дарко и Како Браќа добија најдолг аплауз и најдолго се задржаа на сцената за да ја испочитуваат публиката додека им дава силна поддршка

На големо изненадување на сите, годинава, втората вечер на Макфест беше ревијална и заврши без гласање и награди, а победникот ќе се знае следната година, врз основа на тоа која песна ќе биде најслушана, но дефинитивно беше фестивал за паметење од кои излегоа многу хитови 

Сите настапи може да ги погледнете ТУКА

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg