„Биди тоа што си - бестрашна лавица“ – Димитар Атанасовски со старо романтично видео ѝ честиташе роденден на Сара Мејс
- Детали
- петок, 21 октомври 2022
„Зашто ме расплакуваш вака сега? ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ БЕ!“, напиша Сара Мејс под емотивната роденденска честитка од Димитар Атановски.
Сара Мејс вчера го прослави својот роденден, а нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски ѝ го честиташе роденденот со емотивна објава и со старо видео, како се подготвуваат за свадбениот танц, со помош на партнерот на Сара од шоуто „Танц со ѕвездите“, Мишо Спасовски.
Во позадина се слуша токму гласот на Мишо , танчарот со кој Сара Мејс учествуваше во популарното шоу.
Објавата на Димитар гласи:
„Драга Сара, ти посакувам… ма знаеш што сè ти посакувам, а и тоа што не ми текнало, ти можеш сама да си го оствариш.
Биди ни вечно здрава, насмеана, смела, инаетлива кога сакаш да си го оствариш своето и учи ги нашите деца да бидат точно тоа што си ти - бестрашна лавица.
Среќен роденден (кој иако е само бројка), партнерке во сè.
П. С. Мишо Спасовски фала ти за коментариве, одамна не сум го гледал видеово...“
Потоа, Сара Мејс коментираше под видеото:
„Зашто ме расплакуваш вака сега? ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ БЕ!“
Пејачката го сподели видеото и на Инстаграм Стори:
С. С. | Црнобело