Ружица Максимовска: „Како мајка на три момчиња, се запрашав дали сум поразговарала со мојот син (16) на тема сексуално насилство“
- Детали
- четврток, 20 октомври 2022
„Многу работи мислиме дека нашите деца ги знаат, многу разговори се непријатни за водење, а се неопходни. Што значи да се даде согласност за да се има сексуален однос со некого, што е прифатливо однесување во една врска, дали децата јасно знаат дека не постојат машки и женски обврски дома...“
Ружица Антиќ од бракот со кошаркарот Перо Антиќ има 3 сина. Таа е посветена мајка и бизнис жена и секогаш отворено говори за сите aспекти од мајчинство.
Па, така деновиве откако ја изгледала серијата „Unbelievable“ на Нетфликс, која е актуелна на светско ниво, отворено проговори за дилемите кои ѝ се појавиле потоа.
На својот Инстаграм профил Ружица објави:
„Неодамна ја гледав серијата Unbelievable на Нетфликс, по препорака на другарка. Ниедна серија во мене не поттикнала толку стравови, прашања и дилеми.
Како мајка на три момчиња, не можев да не се запрашам дали некогаш сум поразговарала со мојот 16-годишен син на тема сексуално насилство, што значи да се даде согласност за да се има сексуален однос со некого, што е прифатливо однесување во една врска, како да препознае и да се заштити или некого да заштити од сексуално насилство на интернет и уште куп други слични теми.
Многу работи мислиме дека нашите деца ги знаат, многу разговори се непријатни за водење, а се неопходни. Мислам дека училиштето и стручен образовен кадар би биле одлични сојузници за точно детектирање и пресретнување на вакви проблеми.“
Таа неодамна објави и видео на кое нејзините синови прават колачиња и во описот напиша уште една убава поука за сите родители.
„Како родител ми е многу важно моите деца, да ги препознаваат и преиспитуваат родовите стереотипи што кај нас ги има во изобилие. Токму затоа настојувам да се вклучени во сите домашни обврски, јасно да знаат дека не постојат машки и женски професии, позиции и работни задачи.
Сметам дека овие теми освен во домот, неопходно е да се зборуваат и во училиште и на тој начин детето ќе има можност, навреме да научи и да ја подигне свеста за да ги препознае овие родови предрасуди и да избере да не е дел од нив.“
Повеќе фотографии од Ружица Максимовска:
https://www.instagram.com/p/CSR-tqAt1Ia/?hl=en
С. С. | Црнобело