Позитива на денот: Македонка го вдоми магарето Марга на својот ранч, за да му даде поубав живот (фото)
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
„Добредојде Марга во нашата банда... Марга случајно ја видов пред 2 месеци... На шега кажав да го купам магарето додека поминував низ пат, мислеа за месо ми е затоа што Марга криви, и е старичка можеби накај 20 години...“, раскажува Марија Дуда.
Мариа Дуда е млада, амбициозна девојка која постојано е во трка да ги оствари своите соништа, а покрај кретивните бизнис идеи, таа прави и низа хумани дела, како што е згрижување животни на нејзиниот ранч „The Countryside“.
Последното во нејзините низа хумани дела е токму вдомувањето на магарето Марга, за кое посвети објава на нејзиниот Фејсбук профил.
Таа на својот Фејсбук профил ја споделува приказната:
„Добредојде Марга во нашата банда... Марга случајно ја видов пред 2 месеци... На шега кажав да го купам магарето додека поминував низ пат, мислеа за месо ми е затоа што Марга криви, и е старичка можеби накај 20 години. Минијатурна е и премирна.
Едвај чекам да ја разубавиме и трансформираме и да се погрижиме за ногата. Мене не ми смета ни да е инвалид. Фала дедо Лаки за довербата дека ќе живее подобро тука, отколку сама пуштена.“
Добредојде Марга во нашата банда... Марга случајно ја видов пред 2 месеци ...на шала кажав да го купам магарето додека...
Posted by Maria Duda on Sunday, October 16, 2022
С. С. | Црнобело