Автентична фотосесија на пар од Ресен на овоштарник со јаболка во Преспа, по повод роденден (фото)

„Фотосесијата ја организирав за неговиот 23-ти роденден затоа што во Преспа сега е сезона за берење на јаболка, а тој го обожава својот бизнис со производство на јаболка“, вели Ангела Узуновска (21) од ресенско за CRNOBELO.com за изненадувањето за својот сакан, пејачот Живе Мешуревски.

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-01.jpg

Живе Мешуревски (23) од Ресен и Ангела Узуновска (21) од Царев Двор, село во близина на Ресен, веќе една година се во врска, а сега Ангела одлучила да му организира роденденска фотосесија на својот сакан, на местото кое тој најмногу го сака – на неговиот овоштарник со јаболка.

Живе е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, активен е на музичката фолк сцена и има снимено 6 песни, а истовремено во Ресен, поточно Преспа, е еден од најголемите производители на јаболка.

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-06.jpeg

Ангела пак, студира на Факултетот за туризам и угостителство  во Охрид, на насока царина и шпедиција.

Ангела ни открива дека токму поради неговата љубов кон бизнисот со јаболка по повод неговиот 23-ти роденден одучила да му организира роденденска фотосесија во тој дух.

Таа за CRNOBELO.com открива:

„Се работи за семеен бизнис кој во иднина јас и Живе би продолжиле да го работиме. Овоштарникот каде што сме сликани е негов и тој активно работи за овој бизнис да биде што повеќе модернизиран.

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-08.jpeg

Уживаме при секоја посета на овошните насади со јаболка, каде има повеќе сорти на јаболка и тоа ајдаред, златен делишес, црвен делишес, муцо, чадел, гренни смит.

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-02.jpeg

Ова е тежок бизнис, но Живе вели ‘кога се сака сè се може’.

Во Преспа се живее од овој бизнис затоа и се цени.

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-10.jpeg

Фотосесијата беше моја идеја и организирав за да биде изненадување за неговиот 23-ти роденден затоа што во Преспа сега е сезона за берење на јаболка.“

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-07.jpeg

Повеќе фотографии од Ангела и Живе:

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-05.jpg

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-09.jpeg

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-04.jpeg

rodendenska-fotosesija-na-par-od-resen-na-ovoshtarnik-so-jabolka-vo-prespa-foto-03.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фотографии: Крис Герасовски

Би можело да ве интересира:

Калтрина како Ким Кардашијан: Облечена само во бисери Нашата Калтрина Крезиу повторно изненади со заводливи фотографии, во кои бисери ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg