Жена заборавила 35.000 денари на банкомат во Скопје, благодарна на човекот што ѝ ги врати - доказ дека сѐ уште постојат чесни луѓе

Што би направиле вие ако најдете 35.000 денари на банкомат? Објавата на социјалните мрежи на оваа жена е доказ дека сѐ уште има чесни луѓе, што не сакаат туѓата несреќа да ја искористат во своја полза. Таа е благодарна на човекот што ги нашол парите и веднаш ѝ ги вратил.

dokaz-deka-s-ushte-postojat-chesni-lugje-zhena-zaboravila-golema-suma-pari-na-bankomat-blagodarna-na-chovekot-shto-i-gi-vrati-01.jpg

Сите се радуваме кога ќе слушнеме дека некоја тажна приказна добила среќна разрешница, а во време на големи финансиски трошоци кога секој денар е важен, и сите се бориме за сопствената егзистенција, приказната на оваа жена ни ја враќа надежта дека сепак во Македонија сѐ уште има чесни и добри луѓе.

Пред неколку дена, во Фејсбук групата Женски домаќински муабети беше објавена една молба од жена на која ѝ се слошило додека вадела пари од банкомат, па заборавила 35.000 денари:

„Добар човеку ти што денес на банкоматот на Стопанска банка во Порта Влае најде и зема 35.000 денари, се надевам ќе бидеш хуман и добар да ги вратиш, особата која што ги вадела парите во моментот се избезумила ѝ се слошило и не знае како се случило што се случило, кога се вратила било касно веќе.

dokaz-deka-s-ushte-postojat-chesni-lugje-zhena-zaboravila-golema-suma-pari-na-bankomat-blagodarna-na-chovekot-shto-i-gi-vrati-04.jpg

На оваа криза денеска фер е да бидеме хумани, Господ на доброто со добро враќа, ќе бидете наградени ве молам само да го вратите. На едно дете лебот од уста му го земавте.

Сѐ уште се надеваме дека човечноста не е умрена кај нас и дека баш некој таков добар и чесен човек ги има земено“ – стоеше во објавата.

Подоцна објавата беше дополнета со информација дека парите на жената ѝ биле вратени.

„Парите се вратени од господинот што ги нашол, Господ здравје да му даде и само убавини низ животот да има“ – стои во текстот.

dokaz-deka-s-ushte-postojat-chesni-lugje-zhena-zaboravila-golema-suma-pari-na-bankomat-blagodarna-na-chovekot-shto-i-gi-vrati-02.jpg

Во коментар под објавата жената појаснува дека човекот што ги нашол парите ги однел во банката и побарал да ѝ бидат вратени на жената.

Друга жена пак, вели дека се нашла во таква ситуација да најде пари на банкомат, но наместо да ги однесе во банка се обидела да го најде сопственикот преку социјалните мрежи, па за 10-тина минути успеала да ја најде жената и да ѝ ги врати парите.

Што би направиле вие ако најдете толку пари на банкомат?

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg