Девојка од Турција ја посети Македонија - убавините на нашата држава низ објективот на Ајше (фото)
- Детали
- сабота, 08 октомври 2022
Што мислите кои места од Македонија ѝ го освоија срцето на Ајше од Турција? Што им нуди нашата држава на туристите?
Ајше е инфлуенсерка од Турција кои со своите 40.000 следбеници ги споделува искуствата од своите патувања.
Пред извесен период таа ја посети и Македонија, а местата кои најмногу ја воодушевиле се кањонот Матка и Свети Наум во Охрид.
Своите искуства од Македонија, таа ги сподели на Инстаграм и им даваше куси упатства на следбениците за нашата држава.
Таа им открива дека од Скопје до Матка може да се стигне со автобус и дека кога ќе одат на Матка задолжително треба да си платат тура со бротче за истражување на кањонот.
Се разбира, не недостигаа пофалбите и за Охрид.
Убавините на нашата држава низ нејзиниот објектив:
Скопје
Матка
Охрид
С. С. | Црнобело