Македонско девојче важи за „чудо од дете“, на чекор од победа на светски натпревар по астрофизика - Која е Ема Донев (14)?
- Детали
- вторник, 20 септември 2022
Ема Донев (14) е девојче со македонско потекло кое со своето семејство живее во Хрватска, а во моментов е на чекор до тоа да ја освои престижната награда Breakthrough Junior Challenge. Ема има свој YouTube канал, а вели дека со наука почнала да се занимава уште во 3-то одделение.
Ема Донев знае што сака да стане уште одамна - астрофизичарка. Многумина ќе се сложат дека нејзината амбиција е невообичаена, а младата надеж за светската наука со своите 14 години има голема шанса да ја исполни својата најголема желба во која сите ние можеме да ѝ помогнеме.
Ема има свој YouTube канал каде објавува свои видеа од областа на астрофизика, во кои говори на англиски јазик, а претходно во изјава за медиумите рече дека со астрофизика почнала да се занимава уште од 3-то одделение.
Малата научничка во Хрватска веќе важи за чудо од дете, а вели дека многу сака да чита книги, па годишно ѝ се случува да прочита и по 50-тина наслови, а омилени ѝ се авантуристичките книги за деца.
„Најмногу ме привлекуваат црните дупки, затоа што кога еднаш ќе влезеш во нив, никогаш нема да излезеш и ќе се претвориш во шпагети! Со читањето најразновидни книги научив многу, но од друга страна ми се отвараат нови прашања и така настана тој магичен круг“ – изјави Ема за хрватските медиуми.
Оваа млада научничка со македонско потекло, е единствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижната награда Breakthrough Junior Challenge.
Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката.
Натпреварот за наука е наменет за средношколци на возраст од 13 до 18 години, а една од задачите е да се пријават со поднесување на видео во кое објаснуваат теоретски концепт од областа на науката, физиката или математиката.
Доколку победи, Ема ќе освои стипендија за посакуваниот факултет во износ од 250.000 долари, како и реновирање на училиштето во кое учи во износ од 100.000 долари.
Победничката или победникот на натпреварот ќе назначат и наставник кој бил инспирација и поттик за насочување кон науката, а наставникот ќе биде награден со дури 50.000 долари.
Во рамки на овогодинешниот натпревар, учество заземаа повеќе од 2.400 кандидати од целиот свет. Во полуфиналето се пласираа 30 учесници со своите видеа, одбрани од стручното жири, а меѓу нив е и Ема.
Сите видеа се објавени на Фејсбук и Јутјуб, а влез во финалето ќе добие оној кој собере најмногу лајкови на објавените видеа - и на двете мрежи.
Финалето ќе се одржи во Сан Франциско, а во рамки на настанот познати светски научници ќе одберат победничка или победник.
За да ѝ помогнеме на Ема да ги оствари сопствените соништа, потребно е најдоцна до 20.09.2022 (до крајот на денот) само да кликнете Like на Фејсбук видеото:
Ema, Physics, Croatia, Europe Region: 2022 Breakthrough Junior Challenge Popular VoteEma, Physics, Croatia, Europe Region: This video took part in the Popular Vote of the 2022 Breakthrough Junior Challenge. To learn about the Breakthrough Junior Challenge, visit https://breakthroughjuniorchallenge.org.
Posted by Breakthrough on Monday, September 5, 2022
Како и на ЈуТјуб видеото:
Ема во моментов е во напната завршница со младиот физичар Абел од Северна Америка, чиј број на гласови значајно расте од ден во ден, а со тоа темпо ќе го заземе првото место на кое моментално се наоѓа.
Б. С. Б. | Црнобело