Влатко Лозаноски ја освојува публиката во САД – воодушевен е од Чикаго, Македонците пеат во еден глас со него (фото+видео)
- Детали
- четврток, 15 септември 2022
Влатко Лозаноски на почетокот на септември 2022 тргна да ја освојува публиката во САД, каде на Македонците низ повеќе градови им приредува добра забава со развеани знамиња, а слободното време го користи за да прошета и да ги посети сите позначајни знаменитости.
Прва дестинација е Чикаго, каде настапи на 9-ти септември, а по ова следуваат настапи и во Детроит, Лос Анџелес, Краун Поинт, Њу Џерси...
Како што најави и кога тргна да настапува во Америка, освен што ќе има поголем број работни ангажмани, посетата ќе ја искористи и да се види со блиските луѓе што се таму, но и секако да посети голем број од знаменитостите во местата што ги посетува.
По сè изгледа нашиот пејач нема за брзо да се врати во татковината, затоа што по турнејата низ САД, Влатко ќе одржи повеќе концерти и во Австралија.
Тој деновиве објави повеќе фотографии и видеа од посетата на Чикаго, каде настапи во Compass Arena, а нашата публика во еден глас ги пееше неговите најголеми хитови.
По настапот, Влатко посетата на Чикаго ја искористи за да прошета низ поголем дел од знаменитостите во градот, а фотките ги објави на Инстаграм.
Погледнете дел од неговите фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело