Викторија Лоба, по црковната венчавка во Охрид, направи и свадбена забава во Скопје (фото)
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
Со свилена наметка на која пишуваше „bride“ (невеста), Викторија Лоба вчера ја најави својата свадба во Скопје, по црковната венчавка во Охрид. Лоба овојпат носеше тесна светкава венчаница и косата ѝ беше во романтични бранови.
Викторија Лоба по 9 години врска стапи во брак со својот избраник Ѓорѓи Калешов, поранешен кошаркар, на романтична свадбена церемонија на 28-ми август во една од најпознатите цркви во Охрид, Свети Јован Благослов Канео.
Во романтична венчаница на зајдисонце со најблиските покрај неа, пејачката блескаше на својот голем ден.
Вчеравечер, 11-ти септември, таа направи свадбена забава во хотел „Мериот“ во Скопје. Во тесна венчаница и коса во бранови, Лоба повторно беше во романтично издание.
фото: Инстаграм Викторија Лоба
Во еден миг на свадбената прослава таа запеа со Ѓоко Танески, а меѓу гостите на свадбата беше и нејзината пријателка и соработничка - дизајнерката Моника Коцарева, чие дело се венчниците на Лоба.
При влегувањето на парот одела песната „Love is in the air“, Ѓоко Танески направил прекрасна целовечерна забава, а во вториот дел од вечерта Лоба ја заменила долгата венчаница со куса.
фото: Инстаграм Владимир Ристов
фото: Инстаграм Моника Коцарева
фото: Инстаграм Моника Коцарева
Прочитајте и Викторија Лоба за свадбата со саканиот Ѓорѓи: „Носев венчаница долга 3 метри, два бели гулаби слетаа на зајдисонце кај Св. Јован Канео“
С. С. | Црнобело